Пребарувај по датум:

Центар за поддршка на лица со оштетен вид

Црвен крст на град Скопје континуирано веќе пет години активно и континуирано работи на полето на подобрување на правата и зајакнување на капацитетите на слепите и слабовидните лица во нашата заедница. Со оваа цел, во 2015-та година Црвениот крст на град Скопје, заедно со компанијата Рош и Националниот сојуз на слепите на Р. Македонија се одлучи да го реализира заедничкиот проект „Сподели светлина“. Едната цел на проектот беше децата со оштетен вид да учествуваат во работилници, при што ќе се обучат и дисеминираат како да прават проекти за добробит на заедницита. Со неколку месечното учество во изработката на проектите, односно помагањето на социјлно загрозените целни групи во заедницата, лицата со оштетен вид имаа можност да практикуваат активен волонтаризам, да промовираат хумани вредности и култура на меѓуетничка толеранција и соживот и да се стекнат со професионални вештини. На тој начин, децата со оштетен вид не само што помагаат на ранливи категории во општеството, туку воедно ја менуваат сопствената дневна рутина, квалитетот на живот и стануваат активни доброчинители на заедницата.

Другата важна цел на проектот беше потребата да се создаде советник во кој се опишани и објаснети потребите на лицата со оштетен вид во Р. Македонија. Во 2015-та година се реализираа три средби со фокус-групи и тоа со: лица со оштетен вид, родители на деца со оштетен вид и професионални работници кои работат со/или во доменот на лицата со оштетен вид. На средбите на фокус групите системски се опфатија прашања од областа на: здравството, социјалните услуги, социјалната заштита, образованието, општественото живеење и секојдневното функционирање, пристапноста до информации, слободата на движењето и можноста за вработување на овие лица и истите се содржани во Советникот за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија. Резултатите од истражувањето сумирни во советникот можат да се видат тука.

Една од најзначајните потреби на лицата со оштетен вид, која произлезе како резултат на истражувањето на потребите на овие лица е постоење на центар за информирање и подршка на лицата со оштетен вид. Во 2016та година Црвен крст на град Скопје во партнерство со УЈИЕ и НССРМ, во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот го отвора првиот Центар за поддршка на лица со оштетен вид. Центарот е поддржан од УСАИД и ЛЦИФ.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија. На лицата со оштетен вид им се нудат разнолики едукативни и инклузивни содржини во кои ќе можат интерактивно да се вклучат и да го збогатат своето секојдневие со нови, позитвни искуства. Центарот за поддршка на лица со оштетен вид опфаќа повеќе цели со своето функционирање:

Едукација и инклузија:

Во рамките на Центарот се проведува месечна програма на активности со која корисниците можат да го подобрат своето неформално образование и да ги зголемат кариерните вештини, како: курс по англиски јазик, курс за компјутери, курс за брајово писмо, предавања, работилници, посети на базени, екскурзии, прошетки, посети на културни установи и сл.

Психолошка поддршка:

Лицата со оштетен вид и членовите на нивните семејства имаат можност да добијат анонимно психолошко советување со професионален гешталт терапевт. На тој начин се остварува психолошка поддршка, зајакнува самодовербата на корисниците и работи на решавање на проблемите на лицата со оштетен вид, но и на заинтересираните членови на нивните семејства.

Информирање и административна поддршка:

Лицата со оштетен вид можат да се инфомираат за своите права, промени во законите и да добијат административна поддршка.

Лобирање и застапување:

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид континуирано реализира средби со различни релевантни државни институции и релевантни здруженија и невладин сектор, при што лобира за подобрување на правата на лицата со оштетен вид.

Промовирање на волонтерство и активен живот:

Во рамките на Центарот, се спроведуваат тренинзи, семинари и работилници за млади и возрасни лица со оштетен вид со цел да се мотивираат и активираат лицата со оштетен вид и тие да придонесуваат во заедницата и помагаат на потребите на заедницата.

Со овој социјален сервис се дава поддршка на лицата со оштетен вид и нивните семејства од различни области. Воедно лицата со оштетен вид се вклучени во креирање на месечната програма на активности со цел помош и поддршка на семејствата, зајакнување на капацитетите на лицата со оштетен вид, социјализација и инклузија и подобрување на можностите за подобро котирање на пазарот на трудот.

Координатор на одделот, Тихана Обрадовиќ Чингарова – tihana.obradovic@hotmail.com

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.