2019-01-10
Новогодишни пакетчиња за децата од Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија
Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар, на 20.12.2018 четврток на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организираа показна вежба. Член од Тимот за спасување на планина, маскиран во Дедо Мраз, се спушташе по јаже и им делеше подароци на сите децата хоспитализирани во двете клиники.
Вежбата се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ.