Пребарувај по датум:
2018-12-18

Работно – информативен состанок наменет за персонални асистенти и лица со попреченост

             Во рамките на Центарот за поддршка за лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје на 13.12.2018 година во простории на ДХО – Даре Џамбаз, Скопје, во рамките на пилот Програмата за персонални асистенти за лица со попреченост поддржан од страна на МТСП и имплементирачки партнер – Црвен крст на град Скопје, се реализираше работен состанок со цел подетално информирање на персоналните асистенти и корисниците на оваа услуга како и сите заинтересирани корисници за истата, за сите законски регулативи и права кои им следуваат на корисниците и персоналните асистенти поврзани со оваа тема. Темите кои беа разгледани и дискутирани на состанокот беа: комплетен опис на услугата за персонален асистент, финансискиот надоместок за персоналниот асистент на месечно ниво, потребите на корисниците, начинот на рефундирање на средствата за патни трошоци за персоналниот асистент и работните часови кои се исполнуваат во рамките на услугата од страна на персоналните асистенти.

На состанокот активно учество зедоа 30 учесници – претставници од МТСП, ЦКРМ, Сојуз на слепи на РМ, членови на Сојузот на слепи на РМ, членови на Сојузот на слепи и корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, претставници од УЈИЕ (Универзитет на Југоисточна Европа) и тимот на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Состанокот беше од интерактивен карактер помеѓу сите учесници.

        Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.