Пребарувај по датум:
2018-10-04

Посета на Телемарк Црвен крст-Норвешка

Во рамки на Твининг програмата помеѓу Telemark Røde Kors и Црвениот крст на град Скопје, 18 претставници-волонтери и стручна служба,во периодот од 28 септември до 01 октомври престојуваа во област Телемарк-Норвешка. Целта на посетата е размена на искуства помеѓу волонтерите од двете организации и креирање на програма за заеднички активности за 2019-2020 година. Волонтерите кои беа дел од оваа посета се од различни оддели и истите имаа можности да ги презентираат своите волонтерски ангажмани. Во рамките на посетата беше посетено и кафулето “Куќата на Анри Динан” кое функционира како кафуле каде граѓаните, особено они со социјален ризик, може да добијат оброк, а младите го користат како простор за учење и разонода. Како дел од заедничките активности, во месец ноември оваа година, делегација од Телемарк ќе присуствува на Годишното собрание на Црвен крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.