Пребарувај по датум:
2018-05-22

Хуманоста на дело

Учениците од ОУ “11 Октомври” од V-1 и V-2 одделение,  на иницијатива на нивните наставници, а како резултат на досегашната добра соработка, повторно беа дел од програмите на Црвениот крст. Во петок, на 18 мај се одржа дисеминациска и хуманитарно-креативна работилница преку која учениците научија повеќе за историјатот и вредностите на организацијата, но правеа и одбележувачи за нивните книги со знак на Црвениот крст. По пат на продажба на изработките, ќе се соберат средста кои ќе бидат наменети за потребите на корисниците од дневниот центар за деца со церебрална парализа-Капиштец. Во текот на следната недела, планирана е  и посета на Центарот каде ќе се реализира музичка работилница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.