Василичарско дружење
Во пресрет на празникот Василица младите од Црвен крст на град Скопје традиционално го посетија и организираа забава за корисниците кои го посетуваат центарот за церебрална парализа Капиштец.
Со огромна радост и многу насмевки лицата заедно со волонтерите ги пееја своите омилени песни . Имајќи во предвид дека дружењата посебно музичките работилници се многу важни за социјализацијата на овие лица за забавата и овојпат се погрижија учениците од средното музичко училиште Илија Николовски –Луј кои се чести посетители во центарот и преку нив корисниците имаат можност да запознаваат различни инструменти и народни носии.
Оваа активност е дел од активностите кои се имплементираат преку проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка.