2019-03-04
Научно-стручна трибина „Современ систем на Цивилна заштита“
По повод Меѓународен ден на цивилна заштита, Дирекцијата за заштита и спасување со Филозофскиот факултет во Скопје организираше Научно – стручна трибина на тема „Сoвремен Систем на Цивилна заштита“, на која учество земаа професори од државните универзитети од нашата држава но и од регионот, a кои работат на на оваа проблематиката.
Црвен крст на трибината учествуваше во панелот „Намалување на ризици од катастрофи и кризно комуницирање“ каде претставникот на Црвениот крст досегашното исксуство го пренесе преку презентација ” Улогата на Црвениот крст во одговор при катастрофи и градење на капацитетите за отпорност на заедниците “.