Пребарувај по датум:
2018-12-18

Креативна работилница за деца со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид  – Црвен крст на град Скопје, на 04 Декември 2018 година,во ДУРДМОВ Димитар Влахов, се реализираше креативна работилница наменета за децата со оштетен вид. Со оглед на престојните Новогодишни празници, темата на работилницата беше подготовка на Новогодишни честитки. За време на работилницата, дел од децата свиреа Новогодишни песни на пијаното во салата, со цел комплетирање и разубавување на атмосферата. Децата во текот на работилницата покажаа голем интерес за истата и вложија голем труд во подготовка на честитките. Собраните средства од продадените честитки ќе бидат донирани за лекување и поддршка на корисник од Центарот за поддршка.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.