Пребарувај по датум:
2018-06-23

Дарувај крв. Сподели живот

„Биди тука за другите. Дарувај крв. Сподели живот“- Одбележан Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни

Секоја година, земјите од целиот свет го слават Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни. Преку разновидни настани организирани на овој ден, сакаме да им се заблагодариме на доброволните, неплатените крводарители и да ја подигнеме јавната свеста за потребата од редовни крводарители, со цел обезбедување на квалитетна, безбедна и достапна крв и крвни продукти за пациентите на кои им е потребна. Акцент на овогодинешната кампања е крводарителството како чин на солидарност, преку кој се нагласуваат основните човечки вредности – алтруизам, почитување, емпатија и љубезноста. Слоганот: ” Биди тука за другите. Дарувај крв. Сподели живот.”, го користиме во насока на поттикнување на  луѓето да се грижат едни за други и да генерираат општествени врски.

Настанот  за одбележување на 14 Јуни, Црвен крст на град Скопје го реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување крв („ДХО Даре Џамбаз“), кој оваа година одбележува 5 (пет) годишнина од отворањето а во него реализирани се вкупно 9 369 единици крв. Присутните ги поздрави секретарот на Црвен крст на град Скопје, градоначалникот на град Скопје г. Петре Шилегов, кој се осврна на поддршката од град Скопје на иницијативата за отварање на Дневен центар за дарување крв и поддршката кон активностите поврзани со доброволно крводарителство, како и државниот секретар во Министерство за здравство на РМ д-р Владимир Милошевски.

Во склоп на настанот, доделени беа благодарници и плакети на организации/ институции за нивниот придонес во процесот на промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје. Наградени беа Алкалоид ад Скопје и Град Скопје со плакета, а со благодарници Мото клуб Потфат МЦ,  Мото Клуб ГАРДИАН ЕНЏЕЛС, Управа за јавни приходи на РМ, „Раде Кончар – контактори и релеи“,Агенција за катастар на недвижности – Република Македонија, Сојуз на извидници на Македонија, Сава осигурување

Градоначалникот на град Скопје г. Шилегов го посети и Дневниот центар за стари лица, оствари разговор со корисниците, волонтерите и одговорните лица во истиот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.