Работилница за танцување со децата со оштетен вид
Реализирана работилница за танцување со децата со оштетен вид
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје заедно со Лајонс клубот „Св.Пантелејмон“ – Скопје започнуваа со серија на работилници од различен карактер кои ќе се реализираат два пати во месецот за лицата со оштетен вид.
На 24.04.2018 година се реализираше работилницата за танцување на која учесниците се запознаа со различни техники на танцување. Работилницата беше водена од инструкторот за танци Илија Грујовски кој ги научи децата повеќе кореографии на популарни песни. Целта на оваа работилница беше преку музика и игра да се развие моториката кај децата со оштетен вид.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.