Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше Проески
Традиционално, на 25.01.2018 година, во Дом на АРМ, по четиринаесети пат беше
организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше
Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. На акцијата крв даруваа 402
дарители, а најголем број од нив беа млади и првократни дарители.
Организатори на крводарителската акција беа Црвениот крст на град Скопје,
Општинска организација на Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона
медицина и Тоше фанови РМ. Поддршка на акцијата дадоа и членовите на Клуб 25-
клуб на млади крводарители и мотиватори.
Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади
личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните
дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на
крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш,
традиционално, истите се реализираат во негова чест.