Пребарувај по датум:
2018-01-26

Започна ПХВ циклус за 2018 година

На 16 и 17 јануари се одржаа работилниците за лицата кои се избрани од страна на своите

ООЦК за дисеминатори во ПХВ циклусот 2018 година. Еднодневната обука имаше за цел да ги

запознае дисеминаторите со програмата, да бидат обучени за држење на работилници за

дисеминација и документирање како и да бидат информирани за временската рамка, за

начинот на промоција на малите проекти и мотивација на младинците кои ова година ќе бидат

дел од програмата. Обучени се вкупно 34 дисеминатори од 26 Општински организации плус

еден дисеминатор од Клубот на млади на Шуто Оризари и еден од Меѓународни училишта

НОВА.

И ова година програмата ќе обучува младинци на возраст од 13 до 17 години и тоа по 30

младинци во Општинските организации кои ова година се пријавија да учествуваат во

програмата или вкупно 900 младинци. До 23 февруари треба да завршаат сите обуки и потоа

младите ќе имат време до 20 април да ги изработаат своите проекти кои ова година треба да

бидат во насока на грижа за заедница, промоција на хумани вредности и социјално

хуманитарните активности.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.