2017-12-11
Трибина на тема „Превенција од зависности“
Трибина на тема „Превенција од зависности“
Во рамките на проектот „Училишни клубови за превенција и едукација“ поддржан од град
Скопје, во ДХО Даре Џамбаз се организираше трибина на тема „Превенција од зависности“ за
волонтерите од Клуб на млади како и за учениците од училиштата опфатени во проектот.
Преку интересна адаптирана презентација за млади како и конкретни примери од
секојдневието со кое се соочува како професионалец д-р Павлина Васкова- предавач, успеа
да го задржи вниманието на присутните, но и да пренесе јасна порака за штетата која ја
предизвикуваат зависностите кај секој човек .