Активности на клубот на млади
Во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка, волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје организираа посета на детскиот фестивал Златно славејче за децата сместени во згрижувачки семејства. Во рамки на истиот проект, корисниците од центарот за лица со церебрална парализа Капиштец заедно со волонтерите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје и ликовни уметници започнаа со реализација на сликарските работилници. Со големо внимание уживаа и даваа секој свој придoнес во изработка на сликите на тема апстракција и со нетрпение чекаа да видат како изгледа во целост секое уметничко дело. До крајот на месец Ноември, ќе се реализираат уште две вакви активности.
Под мотото „Едно сонце за сите деца“ здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „Во мојот свет“ во соработка со амбасадата на Бугарија во Р. Македонија и Националната галерија на Македонија, организираа инклузивни креативни ликовни работилници. На покана од здружението, волонтерите од клуб на млади беа дел од истите. Се користеа разни сликарски материјали и техники во придружба со музикотерапија. Преубавото дружење беше доволна причина за понатамошна заедничка соработка со здружението и активности со децата кои се дел од истото.