Твининг програма
Во рамки на воспоставената твининг програма помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк- Норвешка, во периодот од 17-19 Ноември, четиричлена делегација од Телемарк оствари официјална посета на нашата организација. Истата беше дел од планот за активности во 2017 г. и беше искористена за работни средби помеѓу нив и претставници од стручната служба и волонтерите на ЦК на град Скопје. На средбите се направи евалуација на досега реализираните активности, прецизиран беше планот за акција за 2018 година, а дефинирани беа и очекуваните резултати од секоја активност. Делегацијата од ЦК Телемарк, беше дел од програмското собрание на Црвен крст Скопје, каде имаа официјална презентација, а во знак на досегашната плодна и успешна соработка добија плакета.
Твининг програмата за нас е позитивен пример за соработка и поддршка во работењето, унапредување на активностите преку позитивни примери и практики, мотивација и зајакнување на капацитетите на двете организации на Црвен крст.