Пребарувај по датум:
2017-11-25

Традиционално одбележување на 13 Ноември

Во знак на одбележување на 13-ти Ноември, Црвен крст на град Скопје со поддршка на Општинскта организација на Црвен крст Карпош, и оваа година традиционално организираше крводарителска акција. Истата се реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување крв, каде крв даруваа 49 дарители.

Акцијата е препознатливо обележје во нашиот град за овој ден, традиција преку која придонесуваме во процесот на промоција и унапредување на крводарителството како и континуирано снабдување со крв и крвни продукти потребни за клиничките центри. 

Оваа година, по повод 12-тиот роденден на Рамсторе Македонија, на крводарителската акција ќе се вклучија вработените и менаџментот, ја искажаа својата хуманост и даруваа крв.

За состојбите со дарувањето крв, постигнатите резултати и активностите на Црвениот крст на град Скопје на ова поле, со обраќање кон крводарителите, волонтерите и вработените од Рамсторе Македонија се осврна Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т. Пауновска. Г. Ајхан Узун генерален директор на Рамсторе Македонија, се обрати од името на вработените кои токму на овој хуман начин се решија да го одбележат 12 годишниот роденден на компанијата.

Истиот ден, делегација од Црвен крст на град Скопје, положи цвеќе на споменикот на борците од НОБ на градските гробишта Бутел и пред владата на Р. Македонија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.