Пребарувај по датум:
2017-07-17

Дарувај од срце – биди хуман

Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на град Скопје во соработка со Скопје City Mall, иницира активност за помош на социјално ранливи деца од семејства во ризик како и деца и млади со посебни потреби, членови на здружението Шпреса-Скопје.
Целта е на децата и младите да им се обезбедат подароци кои тие ги посакаа за празникот. Волонтерите на Црвен крст, на наменски поставено катче во Сити Мол ќе ги информираат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во активноста, а ќе мотивираме и фирми, компании и здруженија да излезат во пресрет на нашата иницијатива.

Активноста започна со запишување на желбите на 05.06.2017 , а доделувањето на подароците е планирано за 23.06.2017.
Дарувај од срце, биди хуман и биди дел од нашата приказна.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.