Пребарувај по датум:
2017-06-01

Прва ПХВ финална работилница

Прва ПХВ финална работилница-2017 година

Изминатиот викенд, 12 до 14 мај, во Струга во центарот Солферино се одржа првата ПХВ финална работилница. 50 младинци, 8 дисеминатори и 7 инструктори работеа на претставување на малите проекти сработени во текот на овогодинешниот ПХВ циклус. Младите имаа можност меѓусебно да се запознаат, да работат на темата култура како систем од вредности како и промоција на активностите на Црвениот крст. Младите кои учествуваат на двете финални работилници ќе бидат и носители на активностите во рамките на ПХВ неделата и насоките за одбележување на истата им се дадени за време на финалната работилница. На работилницата присуствуваа и 5 младинци од Црвен крст Норвешка, од област Скиен со кој Црвен крст на град Скопје се збратими минатата година и ПХВ работилница претставува една од можностите на размена на искуството.

Младите за време на работилницата подготвија ТВ шоу во кое се организираше трибина преку која се презентираа проектите, се подготви невербална драма која имаше за цел да ги претстави обуките и активностите на терен-изработување на малите проекти и се сними филм за финалната работилница. Преку вежбата Племиња младите поделени во групи, имаа можност да создаваат сопствена култура и истата да ја презентираат, додека пак преку вежбата Човече не лути се се натпреваруваа во своите знаења за Црвениот крст. ПХВ програмата претставува алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на клубовите на млади во секој град.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.