Пребарувај по датум:
2017-03-23

“Волшебно велигденско дрво”

Во пресрет на празникот Велигден, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, Комерцијална банка и ЈУ Центар за социјална работа организира настан “Волшебно велигденско дрво”. Настанот е посветен за 50-те деца и младинци кои го посетуваат “Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Капиштец”.

Лицата од Центарот на 20 Март ги запишаa своите желби на наменски картички-велигденски јајца и заедно со волонтерите на Црвениот крст ги закачија на големото “Волшебното велигденско дрво”. Сите хумани граѓани кои ќе го посетат велигденското катче во ТЦ Рамстор, ќе имаат можност да ги исполнат желбите на лицата од Центарот и да придонесат за нивна среќа.

Доделувањето на подароците ќе биде на 12.04.2017 година во 11:00 часот во просториите на ТЦ Рамстор.

Преку овој настан ќе се потрудиме заеднички да продонесеме во подигнување на јавната свест за надминување на предрасудите и стереотипите на лица со пречки во развојот.

Активноста е во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д Комерцијална банка, каде Црвен крст на град Скопје 8 година по ред реализира различни активности со цел олеснување на животот и потребите на овие лица и нивна полесна интеграција во општеството.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.