Пребарувај по датум:
2017-03-21

Скопје на 15ти март редовно извештајно собрание

Црвен крст на град Скопје на 15ти март го оддржа свеото редовно извештајно собрание кое претставуваше и последно собрание за  членовиоте на собранието за мандатен период 2012-2016 година. На истото беше презентиран извештајот за работа за 2016 година со акцент на поплавите кои се случија минатата година во Скопскиот и Тетовскиот регион како и поддршка на мигрантите која Црвениот крст на град Скопје преку своите мобилни тимови ја даваше во текот на целата година.

Благодарност до целата стручна служба, до сите волонтери, сите поддржувачи, пријатели, компании  кои ја дадоа својата поддршка за реализација на активностите во 2016 година.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.