Одбележување на 8-ми Март
Црвен крст на град Скопје традиционално се придружува кон хуманата иницијатива на организацијата “Животна искра” во пресрет на денот на жената 8-ми март. Годинава подароци беа обезбедени од хуманитарниот концерт -Љубовни ноти- кој го организираше Клуб на млади на Црвен крст на град Скопје во соработка со Советот на млади при Американската амбасада и средното музичко училиште Илија Николовски–Луј.
Волонтерите и членовите на Совет на млади во придружба на членките на “Животна искра”, Американскиот амбасадор г.Бејли и неговата сопруга на 8 ми март ја посетија клиниката за Онкологија и ги однесоа подароците за сите пациентки, а членките на здружението им даваа совети за полесно надминување на состојбата во која се наоѓаат.
И оваа година кон активноста се приклучија Рамстор Мол од каде беа обезбедени цвеќињата за пациентките, Матица Македонска кои донираа книги, Медикус Хелт и Лајанс клуб св. Пантелејмон.
Со овој гест сакаме да покажеме поддршка кон лицата кои се борат против ова заболување, но и да ја подигнеме јавната свест.