Пребарувај по датум:
2017-02-07

Обука за ПХВ дисеминатори-Циклус 2017 година

На 20 и 23 јануари се организираа обуки за ПХВ дисеминатори во рамките на овогодишниот ПХВ национален циклус. Дисеминаторите се запознаа со моделот, со обврските и временската рамка за имплементација на програмата. Беа обучени дисеминатори од ООЦК, дисеминатори од Меѓународни училишта Нова, дисеминатор од Извидници на Р.Македонија или вкупно 38 дисеминатори. Во наредниот месец вкупно ќе се спроведаат 114 обуки на терен од кои 38 за дисеминација, 38 за изработка на малите проекти и 38 за документирање на малите проекти. Дисеминаторите се мотивирани да ги реализираат обуките и да им дадат поддршка на младинците при реализација на малите проекти. Во секоја ООЦК ќе бидат обучени по 30 младинци или вкупно околу 1140 младинци и во период од 2 месеци ќе ги реализираат проектите и ќе се обидат да направаат промени во својата зедница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.