Пребарувај по датум:
2016-05-30

Втора ЦКА ПХВ финална работилница

Циклус 2016 година-Црвен крст на Р.Македонија

Од 27 до 29 мај во центарот Солферино во Струга се одржа втората финална работилница во рамките на програмата ЦКА-ПХВ. 76 младинци и дисеминатори ги презентираа проектите кои ги изработуваа во изминатите два месеци. За време на финалната работилница младите снимаа филм, подготвуваа тв шоу, учеа за културата, за тимската работа и добија насоки за подготовка на ПХВ недела која секоја година се одбележува од 21-27 септември.

Младите учесници беа дел од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус кој подразбира добивање на 3 обуки, и тоа првата за дисеминација, втората како се изработуваат малите проекти и последната, начини на документирање. Младите кои присуствуваа на оваа работилница беа избрани како најдобри, бидејќи реализираа проекти кои направија трајни промени во заедница, имаа голем број на волонтерски часови додека ги изработуваа проектите, имаа оргинална идеја и промоција на сработеното. Во овогодишниот циклус се изработија 184 мали проекти за добробит на заедница од страна на 1108 младинци. Младите се поддржани од страна на стручната служба на ООЦК, но и страна на своите дисеминатори кои добиваат унифицирана обука.

Младите  на оваа работилница беа истакнати како позитивни примери во својата заедница, беа мотивирани да продолжат со својот волонтерски ангажман и секако охрабрени да прават промени во заедницата.

Програмата оваа година е поддржана преку прграмата на CIVIKA Mobilitas.  

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.