Пребарувај по датум:
2016-12-22

Реализиација на два проекти „Пензионерски писма“ и „Дописни картички“ со лица во трето доба

Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ од месец септември 2016-та се реализираат два нови проекти „Пензионерски писма“ и „Дописни картички“ во соработка со Агенција за пошти. Целта на проектите е поврзување на поштенската дејност со активизмот и креативноста на лицата во трета доба, каде што тие изработуваат уметнички творби со цел да се промовира културата и вредностите во Р. Македонија преку поштенската дејност. Во проектот „Пензионерски писма“ учествуваат лица во трето доба од сликарската работилница, кои создаваат тематски дела и изработки за убавината и културата во нашата земја, менторирани од проф. м-р. Стојче Тоциновски. Предвивдено е по шест месеци делата да се изложат во повеќе галерии. Од друга страна, за проектот „Дописни картички“ објавен е јавен повик за сите лица во трето доба за украсување на дописни картички на 5 различни теми. Најдобрите дописни картички ќе бидат избрани во последната недела на месец ноември, односно Неделата на грижа за стари лица. Со ваков тип на активности лицата во трето доба се мотивираат да бидат активни членови на заедницата, да имаат продуктивна и креативна дневна рутина, збогатувајќи го квалитетот на својот животот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.