Светски ден на бездомништво
Денеска, 10 октомври, со почеток во 10:30 часот во пунктот за бездомници во Момин Потоk 1 ќе се одбележи Светскиот ден на бездомништво. Корисниците на пунктот покрај редовните услуги, ќе добијат свечен ручек кој овој пат е донација од едно приватно лице. Црвениот крст на град Скопје обезбеди и џемпери за лицата што претставува подготовка за студениот период.
Пунктот за бездомници е поддржан од страна на градот Скопје веќе 8 години и функционира на истата локација. Секој петок и понеделник лицата добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење на документи и поддршка на обезбедување на услуги од системот на социјална заштита). Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвара и привремено преноќувалиште.