2015-04-13
Велигденска работилница
Во рамките на активностите преку проектот за Подобрување на деца и млади со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје реализираше Велигденска работилница во центарот за церебрална парализа Капиштец.
Заедно со лицата боеја велигденски картички кои токму за ова пригода беа правени за нив, украсуваа јајца и изработуваа кошнички. Целото попладне беше исполнето со многу насмевки кои си ги подарија едни на други и се исполнија со позитивна енергија која се договорија да ги држи за време на празникот се до следната средба.