Пребарувај по датум:
2014-11-19

ПРВА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ ТОК СПАСУВА ПОВРЕДЕНИ ОД ОПОЖАРЕН АВТОБУС

По повод 70 години одбележување на ослободување на градот Скопје.Црвениот крст на град Скопје во соработка со град Скопје организираше симулациска вежба “Првата помош спасува живот” со сценарио опожарен автобус на Рекорд.

Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи заедно со тимовите на ООЦК Кисела Вода и Центар ги евакуираа и им укажа Прва помош на 30 повредени патници. 6 потешко повредени со возила на ЦКГС и Амбулантното возило на ЦКГС беа пренесени до најблискиот клинички центар. Вежбата се одвиваше во соработка со СВР МВР Скопје и Противпожарна бригада. Вежбата имаше за цел да се обиде да им ја доближи Првата помош до граѓаните и истовремено да им ја потенцираат важноста од навремено и правилно укажување на Прва помош. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.