Обезбедување на христијанскиот празник Богојавление Водици
Како и секоја година така и оваа, по повод христијанскиот празник Богојавление Водици на ден 19.01.2014 година , Црвениот крст на град Скопје пристапи на терен со Единицата за одговор при катастрофи со цел грижа за безбедноста на капачите кои влегуваат во водите на р. Вардар по светиот крст.
Преку единицата беа ангажирани околу 60тина волонтери распоредени во четири тима, и тоа: Центар за безбедност на вода, Тим за одговор при катастрофи, Тим за спасување на планина и Тим на доктори. Оваа година се надмина рекордот во број на капачи и тоа 220 регистрирани кои влегуваат по светиот крст во водите реката Вардар. Генерално настанот помина во најдобар ред со неколку повреди кои беа успешно санирани и згрижени во шаторите за Прва помош од страна на Тимот од доктори и прва помош екипите на Тимот за одговор при катастрофи; давеници немаше со што повторно Црвениот крст на град Скопје максимално професионално си ја заврши својата одговорност и обврска. Треба да се напомене дека целиот процес на дејствување на Единицата за одговор при катастрофи се состоеше од претходни подготовки, координативни состаноци, проценки на терен, обраќање до медиумите и дисеминација за совети за сите оние кои планираа да скокат по светиот крст, дејствување за време на манифестацијата и секако расчистување на теренот по завршување на истата.