Пребарувај по датум:
2012-12-17

Помош за бездомници при студениот бран

Црвениот крст на град Скопје со поддршка на градот Скопје и оваа година ќе им понуди 24 часовно згрижување на бездомниците во Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток согласно временските услови и потребите на корисниците.

Топол кревет, бања , облека, храна и напитоци ќе добијат бездомниците кои се без покрив на главата.
Во прифатилиштето ќе биде обезбедена и поддршка од лекар, психолог и социјален работник. Изготвен е и логистички план кој вклучува 40 вработени и волонтери од Црвениот крст на град Скопје кои ќе бидат дежурни во прифатилиштето.
Во текот на зимскиот период 4 патролни тимови од по 3 социјални работници ќе бидат на терен и ќе работат на откривање на бездомници кои имаат потреба од помош.
На располагање ќе бидат и патролни возила на Црвен крст со кои ќе можат да бидат превземени бездомниците од локацијата на која се наоѓаат до прифатилиштето.
Тие ќе делат кебиња, вреќи за спиење и топол чај за оние кои нема да сакаат да се сместат во прифатилиштето.
Во акцијата за згрижувње на бездомниците можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје со донирање на облека, храна, хигиена и кебиња и со пријавување на бездомници на следните телефонски броеви:
3096-227; 071/261-787; 070/250-054; 070/317-822

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.