Одбележување на Неделата на борба против трговија со луѓе 2-9 декември 2013
Од 2-9 Декември 2013 во Македонија се одбележува светската Недела на борба против трговијата со луѓе.
Црвен крст на РМ во соработка со повеќе невладини организации поддржани и од Националната комисија за борба против трговија со луѓе, е дел од кампањата „ПРЕСЕЧЕТИ ГИ КОНЦИТЕ на трудовата експлоатација и трговијата со деца во Македонија“. Во Трговскиот центар РАМСТОР-Скопје, волонтерите на Црвен крст на град Скопје во период од 12-20,00 часот на отворен штанд дистрибуираат едукативен флаер и ги информираат граѓаните на кој начин може да се поддржи кампањата. Целта на истата е формирање на Фонд за поддршка на децата кои се присилени да питачат, како и за покривање на трошоците потребни за храна, облека, и други потреби за решавање на овој општествен проблем.