Донација од АРМ
Во пресрет на 18 Август, ден на Армијата на Р. Македонија, преку Црвениот крст на град Скопје реализирана е донација на облека и обувки за потребите на ранливите категории насление.
Истата е собрана по иницијатива на припадниците на АРМ при полкот за Специјално операции (Ренџери и Волци) кои оваа активност традиционално ја организираат во знак на солидарност и помош за социјално ранливите корисници.
Oблеката и обувките ќе бидат наменети за лицата кои го посетуваат пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток, како и за лица/ семејства кои имаат потреба од ваков вид помош.
Оваа иницијатива на АРМ на РМ е уште еден позитивен пример во нашата заедници за потребата од меѓусебна помош и градење на релации кои се позитивен пример во опкружувањето.