Вежба за спасување во Аџибадем Систина
На 18.05.2013 год вработените од клиничката болница ” Аџибадем Систина “ја спроведоа вежбата за спасување во случај на пожар и покажаа дека можат да одговорат на сите предизвици во случај на вонредни и непредвидени состојби.
Болничкиот персонал покажа брза реакција и успешна евакуација на пациентите и сите присутни во болницата. Целата акција беше предводена од штабот за заштита и спасување на болницата спроведена во координација и поддршка на екипата на противпожарна за гаснење на пожар.
Вежбата е во согласност со Законот за заштита и спасување, се реализира во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната бригада и Црвениот крст.
На вежбата присутни беа и претставници од Министерството за здравство и градот Скопје
Црвениот крст на град Скопје учествуваше со свој тим за укажување прва помош и успешно ја изврши задачата која им беше доделена.