Пребарувај по датум:
2011-09-20

Злато за Скопје

Екипата по Прва Помош на Црвен крст на град Скопје го освои златото на натпреварот по Прва Помош на екипи од главните градови на земјите од Југоисточна Европа.

Натреварот се реализираше во Букурешт, а ова за нас е второ злато на оваa категорија натпревар. Првиот златен медал го освоивме во 2007 година и сега – 2011 година.
Балканскиот натпревар е натпревар по прва помош помеѓу главните градови во Југоисточна Европа . Настанот е инициран пред 6 години, кога за прв пат Белград беше домаќин на настанот.
Потоа следуваат натпреварите во организација на домаќините- Софија, Скопје, Љубљана, Подгорица, Тирана, Букурешт. Наредната година Сараево ке биде домаќин на натпреварот.
Последните шест месеци екипата имаше подготовки по прва помош и англиски јазик. Група на лекари, ентузијасти ја подготвуваа екипата со цел остварување на најдобри резултати.
Тоа и се случи. И уште еднаш се потврди дека колку вложуваме толку подобри резултати покажуваме.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.