Пребарувај по датум:
2011-09-07

Крводарителска акција со Американска Амбасада

Црвен крст на град Скопје по трет пат организира крводарителска акција во соработка со Американската Амбасада во Скопје. Иницијатор на акцијата е Американската амбасада со цел
одбележување на трагичниот настан од 2001 година и со цел поттикнување на хуманоста и општествена одговорност како кај своите вработени така и кај партнерите и соработниците.

На настанот ќе се собираат и прехрамбени продукти од кои понатаму ќе се подготват пакети со храна за ранливо население.

Настанот ќе се организира на 12 септември (понеделник) пред Американската Амбасада во Скопје од 08:00 до 16:00 часот.
Вршител на должност амбасадор на САД во Р.Македонија г.Брајан Агелер и генералниот секретар на Црвен крст на Р. Македонија г. Саит Саит ќе имаат обраќање до јавноста во 10:30.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.