Проекти за најмладите
Црвениот крст на град Скопје оваа година, 07ми Април – Денот на здравјето го одбележа со започнување на два проекти од областа на здравствената дејност.
Едниот проект се однесува на Психосоцијална поддршка на деца со вродени срцево садови заболувања и нивните родители и подигање на свеста на населението за поддршка на овие деца.
Во рамки на овој проект партнер на Црвениот крст е Кардиохирургија Филип Втори.
Другиот проект се однесува на Прва Помош во градинките и исиот подразбира едукации на децата на возраст од 5-6 години и како и на воспитниот кадар за значењето на првата помош.
И двата проекти беа успешно реализирани и минатата година. Резултатите кои ги постигнавме и на двете полиња, покажаа дека истите треба да продолжат да создаваат позитивни промени во заедницата во која живееме.
Ваквата потреба ја препозна компанијата “Кореа Ауто Трејд” – ексклузивниот дистрибутер за возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Р.Македонија, како сега повеќегодишен соработник на Црвениот крст.
Покрај многуте заеднички реализирани проекти со сеуште единствениот дистрибутер на автомобили во Македонија кој е активен учесник во реализација на хуманитарни активности, оваа година токму заедничката соработка за реализација на двата предвидени проекти ќе се реализира со финансиско учество и од страна на Кореа Ауто Трејд.