Пребарувај по датум:
2011-03-13

Општината Центар – нов приајтел на проектот ЦКА-ПХВ

Во циклусот 2010/2011 проектот ЦКА-ПХВ може да се пофали со една нова сосема поинаква соработка.

Се работи за една од единиците на локалната самоуправа, општина Центар.
Имено, на барање на општина Центар, се остварија неколку средби помеѓу одговорните во општината и ЦКА-ПХВ канцеларијата на кои беше презентирана програмата и методологијата на проектот и беа разговарани можностите за имплемтирање на ЦКА-ПХВ програмата во основните училишта кои се наоѓаат на територија на општина Центар.

На огромно задоволство на двете страни со почертокот на новата година започна и оваа убава заедничка соработка, која за своја цел има обучување на околу 200 младинци од седум основни училишта за тоа како да ги препознаат потербите на заедницата во која живат, и како тие како млади граѓани можат да го дадат својот предонес изработувајки мал проект за добробит на заедницата.

Обуките во сите училишта се случија во текот на првата половина на февруари, после што младинците, потпомогнати и поддржани од своите одговорни наставници, започнаа да ги преточуваат своите новостекнати знаења, младешки ентузијазам и хуманост во акции за помош на заедниците во кои што живеат.

Тимот на ЦКА-ПХВ со голема радост им посакува многу успеси во нивните “мали” храбри хумани потфати.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.