Пребарувај по датум:
2010-12-15

НОВОГОДИШНА ВОЛШЕБНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ 2

Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници Рамстор Малл Црвен крст на град Скопје и ЈУ МеѓуопШтински центар за социјална работа Скопје со поддршка на учениците од Американски училишта НОВА и децата бегалци  од Едукативниот центар за образование и поддршка на бегалците по втор пат ќе организираат Новогодишен настан за 65 деца сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.

Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат, а хуманите граѓани се токму оние кои ќе помогнат во оставрување на детските соништа и желби . Во периодот од 11-27.12.2010 година, сите хумани граѓани од нашиот град ќе може да ја посетат Новогодишната волшебна елка на желби во ТЦ Рамстор, да одберат и остварат новогодишна желба на некое од децата.

Волонтерите на Црвениот крст и волонтери ученици од НОВА Ќе бидат покрај Новогодишната елка секој ден од 12:00 до 20:00 часот. Доделувањето на подароците Ќе биде на 30.12.2010 година во просториите на ТЦ Рамстор.

Како дел од оваа активност, во маркетот Рамстор секој купувач може да купи производ плус и да го стави во голема кутија за донации, наменски изработена за акцијата. Од собраните продукти ќе се изработат пакетчиња за Дневниот центар за деца со церебрална парализа Капиштец.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.