Крводарителска и собирна акција во Амбасадата на САД
На 14.10.2010 год. во Амбасадата на САД во Скопје во соработка со Црвениот крст на град Скопје втора година по ред се организираше крводарителска и собирна акција на прехранбени продукти во рамки на кампбањата за денот на гладта “Помислете и на нас„.
Со собрани вкупно 117 крвни единици и голема количина на храна акцијата ги надмина очекуваните резултати.
Акцијата ја поздравија американскиот амбасадор Филип Рикер, генералниот секретар на Црвениот крст на Р. Македонија и претседателот на Собранието на Р. Македонија Трајко Вељановски.
„Овој настан немаше да биде толку успешен без учество на групи од сите националности, религии и политички уверувања. Со оваа акција гледаме колку навистина можеме да постигнеме кога ќе се здружиме“, изјави Филип Рикер амбасадор на САД.