ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ
„Прва помош за сите“ е овогодинешното мото под кое во саботата на 11 Септември, Црвениот крст на град Скопје го одбележа 11 Септември – Светскиот ден на првата помош.
Централната манифестација започна точно напладне во Градскиот Трговски Центар, каде пантомима група составена од млади волонтери на Црвениот крст со музичка кореографија го привлекуваа вниманието на граѓаните, а останатите волонтери организирани на две бази го задржуваа нивното внимание.
Тие давајќи им задача да состават слагалица со слика на повреда ги поттикнуваа на размислување за тоа како треба да укажат помош на конкретната повреда, а потоа преку демонстрација им покажуваа како тоа правилно се прави.
Крајна цел на активноста беше да се подигне јавната свест за тоа дека е важно сите да поседуваме знаења од првата помош со цел да спасиме нечиј живот.