Пребарувај по датум:
2010-08-06

Црвено крсташи на машкиот камп во Маврово

Годинава по втор пат се реализираше седумдневниот Машки камп за млади лидери од страна на Америчкиот Мировен корпус, кој и овој пат беше реализиран во соработка со Црвениот крст на град Скопје И Американска амбасада. Истиот се случи во периодот од 25 Јуни до 1 Август во детското одморалиште Бунец во Маврово.

Како учесници на овој летен камп учество зедоа деведесетина млади луѓе од целата Македонија, помеѓу кои дваесет младинци беа припадници на младинските клубови на црвениот крст во Македонија, а истите беа регрутирани преку нивното учество и активност во програмата ЦКА-ПХВ во текот на целата година.
Во текот на овој камп учесниците имаа навистина несекојдневна можност да учат и заедно поминат обуки за: лидерство, основи на граѓанско опшество, дисеминација и ЦКА-ПХВ обука (изработка И документирање на мали проекти),  тим и тимска работа, лично усовршување, здравје, снаоѓање во природа, прва помош, качување по карпа, кампување во природа, стрелање со лак и стрела, рибарење, изработка на оригами, плетење на белегзии, цртање, боење на маички и голем број на креативни работилници.
Младите луѓе работеа во тимови, а своето слободно време самите го организираа во зависност од сопствените преференции и од изборните активности кои ги избираа. Покрај големиот број на креатвни активности, ним им се нудеше и палета на базични часови од различни странски јазици, како и голем број на спортови помеѓу кои и некои за нас на овие простори нови и необични  како рагби и безбол.
Како еден од соработниците на кампот се појави и организацијата YМCА од Британија кои во рамките на кампот поставија шаторска населба, и со тоа овозможија секој од тимовите на учесници да има шанса да помине една вечр кампувајки во природа, дружејки се крај логорскиот оган и учејки за снаоѓањето во природа.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.