Традиција во името на хуманоста и солидарноста
По повод Денот на солидарноста 26 Јули, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Републичкиот завод за Трансфузиологија ја организира традиционалната крводарителска акција, која оваа година беше организирана во Домот на АРМ од 9.00 – 17.00 часот
Благодарение на добрата организација и подготвеност одзивот на граѓаните беше масовен. До 17.00 часот крв даруваа 184 крводарители ,а за голема пофалба е големиот број на граѓани кои за првпат даруваа крв (30 првократни дарители).
За време на самата крводарителна акција организацијата Доктор на годината додели награди Доктор – хуманист и Доктор-активист во невладиниот сектор. Наградите ги врачи Проф.Др.Миодраг Врчаковски . По повод Денот на солидарноста Црвен крст на Република Македонија додели јубилеен знак 65 години Црвен крст на Република Македонија на најистакнатиот волонтер на територијата на Скопје и на Советот на град Скопје, како најголем подржувач на активностите на оваа организација.Ваков јубилеен знак добија и најистакнатите волонтери од општинските организации и најголемите подржувачи на нивната работа.Ј убилејните знаци ги врачи Генералниот Секретар на Црвен крст на Република Македонија Г-н Саит Саити.
Добрата соработка на Црвен крст на град Скопје со Кореја Аутотрејд резултира со нивната донација на 50 фудбалски топки на Денот на солидарноста.Топките беа наменети и дистрибуирани во СОС детското село ,Домот за деца без родители-11 Октомври, Дневен центар – Порака и на деца од згрижувачки семејства.