Светскиот ден на Првата помош
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Првата помош, на 07.09.2007 (петок) со времетраење од 11:30-14:00 часот, Црвен крст на град Скопје одржацентралната вежба која се организираше на 2 прометни сообраќајници.
Едната во центарот на градот (спроти Мек Доналдс), а другата во Аеродром спротиТЦ Бисер. На посебно обележани пунктови беа поставени лица од сообраќајнатаполиција кои ги сопираат учесниците во сообраќајот со моторни возила. Напунктовите претходно се поставија манекени со повреди на кои секој сопренучесник во сообраќајот требаше да укаже ПП и да ја згрижи повредата. Исто такана местото беа членови од екипи по Прва помош, кои на учесниците восообраќајот кои не знаеја на правилната постапка за укажување ПП, имдемонстрираа како треба да се постапи во дадената ситуација. Дел од нив беазадолжени за делење на картички со постапки за укажување на ПП при несреќа напат. За учесниците во сообраќај кои правилно укажаа ПП, ЦК на град Скопјеподели награди , а додека пак оние што неправилно постапија при ситуацијата, како казна изедоа парче лимон.
Повреди кои се згрижуваа (за двете бази):
Бесознание (удар во пределот на главата)
Длабока посекотина на надлактица (обилно крварење)
На секоја база беа поставени арапски шатори (отворен) за минувачите иостанатите учесници во сообраќајот и истите можеа да пристапат или погледнат одсите четири страни.
Во текот на часовите предвидени за манифестацијата беа сопрени околу 100 учесници во сообраќајот, а околу 40 од нив правилно постапија во даденатаситуација.
Во текот на вечерните часови во ДХО Даре Џамбаз беше организирана средба заистакнати активисти на полето на ПП кои со своето ангажирање оставиле белег воООЦК од која доаѓаат како и воЦК на град Скопје.