Пребарувај по датум:
2008-03-30

Плакета златна маска во светот на успехот

Црвен крст на град Скопје е еден од овогодинешниве добитници на наградата златна маска на успехот, доделена на третата по ред манифестација во светот на успехот, организирана од страна на Детла Прес Маркетинг. Оваа манифестација чија својата основна цел промовирање на успехот и оддавање на почит на сите оние кои се покажале како успешни во текот на изминатата година.

Претставува финализација на јавната анкета која е спроведена од оваа маркетинг агенција низ цела Македонија со цел испитување на јавното мислење за тоа кои фирми, општини, компании, НВО или поединци јавноста ги смета за успешни.
За нас добивањето на ова признание е уште еден доказ на нашата успешна работа во полето на хуманоста, како и за добриот имиџ под кој јавноста ја препознава нашата организација.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.