Екскурзија со лицата од дневниот центар Порака
Во рамките на одбележувањето на денот на пролетта и екологијата 21.03 младите на Црвен крст на град Скопје, реализираа активност со лицата од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака.
Поради лошите временски услови на самиот ден, истата се реализираше на 29.03.2008 г. Активност со младите и лицата од Порака беше проследена со неколку помали активности со една цел- грижа и унапредување на нашата животна средина. Имено во кругот на центарот Даре Бомбол на Средно Водно се спроведе чистење и уредување на просторот со нови садници и украсно цвеќе. Младите на ЦК на град Скопје и лицата од Порака заедно се погрижија за фарбањето на оградата , клупите и останатите дрвени површини, а дел од нив за садењето. По завршување на оваа активност следеше прошетка во опкружувањето на падината Водно, дружење и натпревар во трчање, проследени со многу смеа и убаво поминати моменти