Пребарувај по датум:
2008-12-02

Креативни работилници во рамките на проектот “И покрај се можеме”

Како втора фаза од реализација на проектот И покрај се можеме, младите од клубот одржаа креативни работилници во неколку институции, со најразлични материјали, техники прилагодени според нивната возраст и можности.

Почетокот беше со првата работилница ( 06.11.2008г.) во СОС детското село. На неа активно учество земаа 7 младинци од Црвениот Крст и присутните дечиња во СОС селото. На работилницата се изработуваа украсни вазнички и украсни апликации за стакло и прозорци, со техниката витраж.
На 20.11.2008г. беше оддржана работилница во училиштето Димитар Влахов. Цел на работилницата беше изработка на новогодишни честитки, како и фигури од глинамол, по желба на дечињата. Беа изработени прекрасни новогодишни честитки кои секако, покрај децата од училиштето, ќе израдуваат и ќе внесат топлина оваа зима во нечиј дом. Работилница се одржа и во просториите на Црвениот крст на град Скопје со која  беа опфатени деца од школска возраст, до 8 одделение од семејстата баратели на азил. Работилницата се состоеше во изработка на форми и цртежи од глинамол, како и хеклање (плетење) со една игла. Повеќе познавања за плетењето имаа девојчињата, па тие ги учеа младите активисти од Црвен крст околу техниката на изработка.
Младите од клубот како и 3 ученички-средношколки од гимназијата Нова кои изразија интерес да присуствуваат на работилницата присуствуваа н акреативна работилница во домот за деца без родители 11 Октомври. Се изработуваше накит од монистра – обетки, алки за на рака и ланчиња, кој понатаму ќе се продава во хуманитарни цели.
Преку овие активности на младите од клубот постигнавме многу дружење, нови пријателства и разубавување на секојдневието на децата и младите кои беа опфатени со работилниците, но и продолжување на заедничката дружба.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.