Активноста е спроведена во рамки на проектот SHAPE, поддржан од Австриското федерално министерство и Австриски ЦК
По повод денот за подигнување на свест за мозочниот удар, во Пунктот за бездомни лица на ЦКГС, се одржа едукативна работилница посветена на две значајни здравствени теми: Мозочен удар како последица на начинот на живот и Деменција-болест која не ги заборава бездомните.Работилницата ја реализираа лекар и психолог, кои преку корисни информации, разговор ги поттикнаа корисниците да размислуваат за сопственото здравје, препознавањето на симптомите, навременото реагирање и значењето на грижата за здравје. Особено е важно за овие прашања да се зборува со ранливите категории граѓани, меѓу кои и лицата кои се соочуваат со бездомништво. Ограничениот пристап до здравствени услуги, несигурните услови за живот, долготрајниот стрес и отсуството на континуирана здравствена грижа можат дополнително да ја зголемат нивната изложеност на здравствени ризици.

