Преку партнерство до заедничка цел!
Во периодот од 14 до 16 октомври, во хотел „Солферино“ – Струга, успешно се реализираше третиот модул од Обуката за прва помош за полициски службеници, во организација на Црвениот крст на град Скопје.
Обуката произлегува од Меморандумот за соработка меѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи, со цел зајакнување на подготвеноста и координацијата при хуманитарни активности и итни состојби.
Преку теоретска настава, практични демонстрации и интерактивни активности, учесниците ги унапредија своите знаења и вештини за правилно укажување прва помош и постапување со повредени лица до пристигнувањето на медицинските екипи.
Целта е полициските службеници да бидат подготвени за навремена и ефикасна реакција во итни, вонредни и кризни ситуации, кога брзата помош може да биде пресудна за заштита на човечкиот живот и здравје.
Новите демонстратори по прва помош ќе ги пренесуваат стекнатите знаења на своите колеги, придонесувајќи кон поголема безбедност и заштита на заедницата.
Заедно за побезбедна и похумана заедница!
