10 октомври – светски ден на бездомништвото
По повод 10 Октомври – Светскиот ден на бездомништвото, во Центарот за дневен престој за бездомни лица при Црвениот крст на град Скопје, ТАВ Македонија донираше 170 пакети со храна, покажувајќи ја својата општествена одговорност и грижа за егзистенцијалните потреби на лицата во социјален ризик.
Светскиот ден на бездомништвото не е само датум во календарот. Тој е потсетник да застанеме, да погледнеме околу себе и да ги отвориме срцата за луѓето чија секојдневна борба често останува незабележана.
Зад секој човек без дом стои животна приказна, потреба од поддршка и право на достоинство, прифаќање и надеж.
Со солидарност, хуманост и заедничка грижа, можеме да бидеме гласот на оние што ретко се слушаат и да придонесеме за општество во кое никој нема да биде заборавен.
