Пребарувај по датум:
2026-10-05

Здравствено – едукативни работилници

Во текот на септември 2026 година во рамки на проектот „Куќа на можности за ранливи и маргинализирани индивидуи во Северна Македонија“, беа реализирани две од вкупно десет предвидени здравствено – едукативни работилници: „Хигиена, здравје и грижа за себе“ и „Заштита од топлотен бран“.

Првата работилница беше насочена кон зголемување на знаењата на учесниците за важноста на личната хигиена како фактор кој придонесува за подобро здравје и благосостојба. Дополнително, беа охрабрени да ги користат капацитетите на пунктот за бездомни лица, кои овозможуваат одржување на личната хигиена.

Втората работилница имаше за цел да укаже на здравствените ризици поврзани со топлотен бран, особено во урбана средина. Лицата кои се соочуваат со бездомништво поголемиот дел од времето го поминуваат на отворен простор и од големо значање е да бидат едуцирани за овој фактор на ризик по сопственото здравје.

Овој проект е поддржан од Empress Shôken Fund.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.