Посета, размена на искуства и зајакнување на соработката
Црвениот крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје беше домаќин на делегација од Црвениот крст на Босна и Херцеговина, во рамки на работна посета посветена на размена на искуства, добри практики и можности за понатамошна соработка како дел од проектот GRBMP поддржан од IFRC.
Во текот на посетата беа презентирани програмите и активностите на двете Национални друштва, со посебен фокус на:
- поддршката за бегалци, мигранти и лица во движење;
- менталното здравје и психо-социјалната поддршка (MHPSS);
- размена на искуства и добри практики во работата на терен;
- хуманитарната дипломатија и нејзината улога во застапувањето за ранливите категории.
Реализирана беше и теренска посета на северната граница, каде делегацијата ги посети ХСП во Лојане и Прифатниот камп Табановце. Преку директно запознавање со работата на терен, гостите имаа можност да се информираат за услугите што ги обезбедува Црвениот крст за лицата во движење, механизмите за упатување и соработката со надлежните институции.
Посетата беше можност за отворена дискусија, споделување искуства и идентификување на области за понатамошна билатерална соработка, вклучително и подготовка на Меморандум за соработка меѓу двете Национални друштв

